80-ГОДИШНИК ФАТЕН СО 11 ПАКЕТЧИЊА КОКАИН „Ми даде нов живот, го користам за моето здравје“
Осомничениот тврди дека дрогата била за лична употреба и дека ја користел од здравствени причини.
Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд му одреди куќен притвор со електронски мониторинг на 80-годишен маж кој беше фатен минатата недела со 11 пакетчиња кокаин. Тој е осомничен и за продажба на едно пакетче дрога тешко половина грам.
80-годишниот осомничен негира дека ја продал и тврди дека дрогата пронајдена во неговиот дом била за лична употреба. Тој вели дека ја користел дрогата за своето здравје и дека му дала нов живот.
Му е поставен уред за мониторинг на ногата и не му е дозволено да ја напушта куќата во следниот месец, пишува порталот Далматински. Бидејќи живее сам, сосед ќе му носи храна и други работи. Куќниот притвор е одреден поради ризик од рецидив.