МАДУРО ПАДНА, ЗЛАТОТО ОСТАНА…КАДЕ? Оваа банка ја чува венецуелската ризница како тајна на векот

Од 1980-тите, Венецуела складирала дел од своето злато во Лондон, вкупно околу 31 тон, што претставува петтина од нејзините девизни резерви. Судските документи од 2020 година ја процениле вредноста на овие залихи на 1,95 милијарди долари, но со двојниот раст на цената на златото, денес тие вредат значително повеќе.

945

Длабоко под лондонските улици, во трезорите на Банката на Англија, сјаат златни прачки чија вредност надминува две милијарди долари. Но тие не ѝ припаѓаат на Британија — туку на Венецуела, држава што веќе години ја тресе судска, политичка и геополитичка бура.

По апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, повторно се отвори прашањето кое ја мачи меѓународната заедница: кој ја контролира државната ризница на една нација кога таа останува без признат лидер?






Светлина во трезорот

Од 1980-тите, Венецуела складирала дел од своето злато во Лондон, вкупно околу 31 тон, што претставува петтина од нејзините девизни резерви. Судските документи од 2020 година ја процениле вредноста на овие залихи на 1,95 милијарди долари, но со двојниот раст на цената на златото, денес тие вредат значително повеќе.

Сепак, по спорните избори во 2018 година и санкциите на администрацијата на Доналд Трамп, Каракас не може да го репатрира златото. Лондон, под влијание на Вашингтон, ја призна опозицијата предводена од Хуан Гваидо, а не владата на Мадуро.

„Бесрамно пиратство“

Делси Родригез, поранешната потпретседателка на Мадурo, го нарече одбивањето на Банката на Англија „пиратство“, тврдејќи дека средствата биле потребни за борба со пандемијата.

Родригез беше вмешана и во скандал во Шпанија, „Делсигејт“, поврзан со наводна продажба на 68 милиони долари вредно злато.

Родригез ја презеде власта по апсењето на Мадуро. Западните медиуми напишаа дека претседателот на САД Доналд Трамп ја прифатил проценката на ЦИА Родригез да биде оставена за привремена управителка на Венецуела, со оглед на тоа што нејзиното сменување може да предизвика масовни протести.

Сегашната британска министерка за надворешни работи, Ивет Купер, изјави дека Лондон сè уште не ја признава новата венецуелска власт, нагласувајќи дека „целта е транзиција кон демократија“. Банката на Англија, пак, одбива да коментира.

Злато, нафта и моќ

По падот на Мадуро, вниманието на светот повторно се насочува кон богатството на Венецуела, држава со најголеми резерви на нафта во светот и со рудници што кријат огромни количества злато.

Но, додека политичките ветришта менуваат насоки, една работа останува иста  златото, под Лондон сè уште не може да се допре.

Поврзани содржини