ДАЛИ ВИ ТЕКНУВА НА ГРАШОК САМО КОГА ПРАВИТЕ РУСКА ИЛИ ФРАНЦУСКА САЛАТА? Потценетaта зелена мешунка придонесува за здравјето на срцето, нервниот систем и очите

Ако ви текнува на грашок само кога правите руска или француска салата треба да знаете дека, покрај протеините и растителните влакна, грашокот содржи витамини од групата Б, витамин К, витамин Ц, магнезиум, калиум и манган. Овие хранливи материи помагаат во поддршката на здравјето на срцето, нервниот систем и очите.

44

На оваа моќна мешунка најчесто се сеќаваме во периодот на новогодишните празници кога традиционално ги подготвуваме старите добри салати, руска или пак француска салата.






Тогаш грашокот особено добива на популарност, иако би требало да бидеме свесни за неговите придобивки за здравјето во секое време.

Грашокот е добар извор на два важни макронутриенти: протеини и растителни влакна.

Една шолја содржи околу седум грама протеини и шест грама растителни влакна, а растителните влакна се она што им недостасува на повеќето луѓе. Тие го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта и го поддржуваат редовното варење.

Покрај протеините и растителните влакна, грашокот содржи витамини од групата Б, витамин К, витамин Ц, магнезиум, калиум и манган – хранливи материи кои помагаат во поддршката на здравјето на срцето, нервниот систем и очите, пишува Клиниката Кливленд. Каротеноидите лутеин и зеаксантин во грашокот го поддржуваат здравјето на очите и можат да помогнат во заштитата од оштетување предизвикано од сина светлина и стареењето на очите.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини