ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА ПРИВРЕМЕНО ОТВОРЕНИ Има блокади на внатрешните регионални патишта

Ќе бидат блокирани патишта што ги поврзуваат Атина и Солун, како и автопатот што ги поврзува градовите Антирио и Јанина.

147

Граничните премини кон Грција Богодродица-Езони и Меџитлиј-Ники од 15 часот денеска повторно се пуштени во сообраќај за сите видови возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Грчките земјоделци ги болираат граничните премини за сите возила за влез и излез од Грција во два четиричасовни термини: од 11 до 15 часот по македонско време (12 до 16 по локално време) и од 17 до 21 часот (18 до 22 часот по локално време), јави дописничката на МИА од Атина.






Низ цела Грција денеска кулминираат блокадите – во попладневните часови три часа ќе бидат блокирани и споредните патишта што ги поврзуваат Атина и Солун. На тој начин, земјата ќе биде практично поделена на два дела, бидејќи, освен што автопатот е веќе блокиран, а дополнително затворен е и автопатот Јониа, што ги поврзува градовите Антирио и Јанина.

Поврзани содржини