📽️ ЗЕЛЕНСКИ ВО НЕВЕРУВАЊЕ ОД ЗБОРОВИТЕ НА ТРАМП „Путин се понуди да помогне“

Русија сака Украина да успее. Рускиот претседател дури понуди помош со енергија и електрична енергија по ниски цени, рече шефот на САД, предизвикувајќи очигледен израз на неверување кај украинскиот лидер.

2,691

Украинскиот претседател остана со подигнати веѓи и иронична насмевка на зборовите на американскиот лидер Доналд Трамп кој изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „сака Украина да успее“, пренесува Индекс.

Камерите го фатија чудниот момент среде прес-конференција на Трамп и Зеленски во резиденцијата Мар-а-Лаго.






– Русија сака Украина да успее. Тој дури понуди помош со енергија и електрична енергија по ниски цени – рече Трамп, предизвикувајќи очигледен израз на неверување кај Зеленски.

Новинарите потоа го прашаа Трамп дали Русија би можела да учествува во мировен договор за обновата на Украина.

– Да, разговаравме. Русија ќе помогне – додаде Трамп.

 

Шефот на САД откри дека имал два ипол часовен телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски, фокусирајќи се на централата Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.

– Путин работи со Украина за повторно да ја отвори централата. Не ја напаѓа со ракети. Тој сака да ја види повторно активна – тврдеше Трамп, додека Зеленски молчеше воздржувајќи се од реакција.

Сцената од снимката, која се споделува на мрежата Икс, веднаш стана вирална.

Поврзани содржини