МАНАСИЕВСКИ МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДА НЕ СЕ КРИЕ Покажи ги документите за работа со кои доби златна виза за Дубаи

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ се повика на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој кажал дека ја видел 42-катницата изградена од Заев и ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

627

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи, праша денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го повикува Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи.






– Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема – рече Манасиевски.

Тој додаде дека, сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Манасиевски констатира и дека лидерот на СДСМ не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза.

– Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари. Затоа, Филипче треба  да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума? Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото – рече Манасиевски.

Поврзани содржини