ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР НОСИ СТУДОВИ ДО МИНУС 10 СТЕПЕНИ Викендов зимата ќе стегне

Се очекува ветровито време, со температури под нулата во утринсите часови.

495

Времето денеска ќе биде облачно, не многу студено, со сончеви периоди попладне. Во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, особено на повисоките места. Утринските температури ќе се движат од -2 до 10 степени, а максималните дневни од 2 до 7 Целзиусови степени, информира УХМР.

Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, во текот на викендот Македонија ќе биде под влијание на ладен воздушен бран од североисток, кој ќе предизвика ветрови и над 70 км/час, како и пад на температурите, особено во утринските часови. До понеделник утринските температури ќе се спуштат и до – 10 Целзиусови степени.






Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини