📽️ ШЕСТОСЕДОТ НА ШАПКА ОД УТРЕ ОТВОРЕН ЗА ПРОШЕТКИ Се чека на првиот снег за старт на скијачката сезона
Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства, велат од ски центарот.
Жичницата шестосед на Попова Шапка од утре, 26 декември, ќе биде во целосна функција, велат од Ски центарот Попова Шапка.
„Во однос на климатските услови, истите остануваат непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар“
Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства“, велат од ски центарот.