ТРАМП ЛЕТАЛ СО ЕПШТАЈН ПОЧЕСТО ОДОШТО СЕ МИСЛЕШЕ, НО… На кои места во досиејата се споменува американскиот претседател?

Обвинителот наведува дека новите документи „покажуваат дека Доналд Трамп патувал многу повеќе пати отколку што претходно било објавено“. Во записите се појавуваат и имињата на Марла Мејплс, Тифани и Ерик Трамп како патници на одделни летови.

126

Американскиот претседател Доналд Трамп летал 8 пати со сексуалниот престапник Џефри Епштајн иако не постојат докази за вмешаност во кривични дела. „Гардијан“ открива на кои места се споменува Трамп во илјадниците документи кои ги објави Министерството за правда на САД.

Еден од записите, според е-пошта од обвинителството на Њујорк од 2020 година, тврди дека на еден лет Трамп и Епштајн биле единствените патници, а на друг, Епштајн, Трамп и 20-годишна жена.

Трамп е наведен како патник во најмалку 8 приватни летови со авионите на Епштајн меѓу 1993 и 1996 година. Во 4 од нив, била присутна и Жилејн Максвел, осудената соучесничка во неговите криминални активности.

Не постојат докази дека жената била жртва или дека Трамп сторил кривично дело.

„Повеќе летови одошто се мислеше“

Обвинителот наведува дека новите документи „покажуваат дека Доналд Трамп патувал многу повеќе пати отколку што претходно било објавено“. Во записите се појавуваат и имињата на Марла Мејплс, Тифани и Ерик Трамп како патници на одделни летови.

Министерството за правда на САД призна дека документите содржат материјали што го споменуваат Трамп, но дека дел од нив се „лажни и сензационалистички тврдења поднесени пред изборите во 2020“.

„Да бидеме јасни, тврдењата се неосновани и лажни,“ стои во официјалното соопштение.

Биле пријатели 15 години, се скарале

Трамп и Епштајн се познавале повеќе од 15 години, сè до 2004 кога, според извори, се скарале.
Претседателот Трамп постојано негирал дека имал било какво знаење или врска со криминалните активности на Епштајн.

Меѓу илјадниците страници се наоѓаат и податоци за принцот Ендру и економистот Лери Самерс, како и е-пошта поврзана со Дејвид Коперфилд и обвиненија за сексуално вознемирување.

Во архивата е пронајден и австриски пасош со фотографија на Епштајн, но со друго име – „Мариус Фортелни“.

Сенаторот Чак Шумер побара целосна јавна објава на сите материјали, велејќи дека „заштитата на можни соучесници не е транспарентност каква што заслужуваат граѓаните“.

Принцот кој не е принц пак во фокусот

Во новата серија досиеја објавени од Министерството за правда, постојат и бројни референци за Ендру Маунтбатен-Виндзор, порано познат како принцот Ендру. Досиејата, исто така, вклучуваат фотографија од австриски пасош на кој е прикажана фотографијата на Епштајн, но името наведено е „Мариус Фортелни“, а местото на живеење е наведено како Саудиска Арабија.

Лажниот Епштајн и вистинскиот Фортелни 

Исто така, постои и размена на е-пошта од обвинител во 2019 година, во која се наведува дека вистинскиот Фортелни е инвеститор во недвижности кој, извесно време, живеел во Саудиска Арабија. Е-поштата предлага да се контактира Фортелни.

Eпштајн беше пронајден мртов во својата ќелија на 10 август 2019 година, додека чекаше судење по обвиненија за федерални сексуални злосторства во Њујорк. Смртта беше прогласена за самоубиство.

 

Поврзани содржини