ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЦА Пронајдена почината жена во езерце во Градскиот парк

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид, телото е предадено на Судска медицина, причините за смртта допрва ќе се утврдуваат.

686

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека во езерцето во Градскиот парк во Струмица е пронајдена почината жена.

Информацијата за МИА ја потврдиле од Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица. По пријавата, на местото веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид.






Телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Поврзани содржини