🎥 ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА ЗАГИНА НАЧАЛНИКОТ НА ЛИБИСКАТА ВОЈСКА Беше во посета на Анкара, загина на враќање кон Либија
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се пронајдени остатоци од авионот што превезувал високо рангиран либиски воен персонал.
Началникот на Генералштабот на Либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и неговата придружба загинаа денеска во авионска несреќа во Турција, откако авионот исчезна од радарот кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара, изјави шефот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеиба.
– Информирани сме за смртта на началникот на Генералштабот на Либиската армија, Ал Хадад, и оние што го придружуваа – рече Дбеиба.
Според извештаите, авионот се урнал во округот Хајмана.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се пронајдени остатоци од авионот што превезувал високо рангиран либиски воен персонал.
„Остатоци од авионот, кој полетал од Анкара, се пронајдени од жандармеријата на 2 километри источно од селото Кешикавак, општина Хајмана“, напиша Јерликаја на Фејсбук.
Претходно, тој изјави дека деловниот авион „Фалкон 50“, полетал во 20.10 часот по локално време кон Триполи, а комуникацијата била изгубена околу 20.52 часот. Министерот Јерликаја рече дека авионот испратил известување за итно слетување во близина на Хајмана, област јужно од Анкара.
– Сепак, не било можно да се воспостави понатамошен контакт со авионот по првичниот сигнал за итно слетување – додаде тој.
Воздушниот простор над турската престолнина Анкара беше затворен претходно вечерва откако беше изгубен контактот со приватен авион, објавија турските медиуми.
Според официјалните лица, во авионот имало 5 патници.

Началникот на либиската армија денеска беше во посета на Турција и се сретна со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер.
Libya’s PM confirms death of country’s military chief and four others in plane crash in Turkiye pic.twitter.com/wZ6uX8MgRy
— JUST IN | World (@justinbroadcast) December 23, 2025