ИСПЛАТЕНИ СЕ 5,4 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ Пари добија 1.211 сточари

Корисниците на кои не им се исплатени субвенции за 2023 година трреба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопшти Министерството за земјоделство.

176

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари (5,4 милиони евра) кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство.

„Во врска со корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, соопшти министерството.






Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) вчера протестираа пред Владата, со предупредување дека македонското сточарство е пред колапс и најавија протести ако до петок не им бидат исплатен субвнциите.

Поврзани содржини