СЕ СТАБИЛИЗИРА АВИОСООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Реализирани 27 лета, откажани 8, пренасочен е 1 авион

113

Авиосообраќајот се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8 лета во пристигнување и заминување, а пренасочен е 1 лет, соопшти ТАВ Македонија.

Од 20 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, откажани се 3 лета во пристигнување од Белград, Истанбул и од Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205), пренасочен е 1 лет во пристигнување од Франкфурт-Хан, откажани се 5 лета во заминување за Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205).






Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје за наведениот период (од 20 часот, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска).

– Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат – повторуваат од ТАВ Македонија.

Оттаму ја известуваат јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај.

– Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што ни стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333 – велат од ТАВ Македонија.

Поврзани содржини