НЕ ВЕРУВАЛА ДЕКА Е МОЖНО, ПА ОСВОИЛА ЏЕКПОТ Среќна охриѓанка доби над 10 милиони денари

Добивката е освоена на ВЛТ локација во Охрид, а среќната добитничка вели дека 2026 година ќе започне „прекрасно“.

155

Празнувањето на 2026 година за една охриѓанка започнува со голема насмевка и исполнети желби. Б.С. е најновата среќна добитничка на РОЈАЛ ЏЕКПОТ, освојувајќи импресивна сума од 10.641.052 денари на ВЛТ апаратите на Видеолотарија Касинос Австрија.

Добивката е освоена на 18 декември 2025 година, на ВЛТ локацијата Клуб Спорт 77 Евротип во Охрид, а според нејзиното сведоштво, сè се случило неочекувано и за само неколку минути.






– И јас бев меѓу оние кои не веруваат дека ваквите добивки навистина се случуваат, но сега знам дека се вистински. Одлучив да си ја пробам среќата и за многу кратко време, за само неколку минути, станав добитничка на РОЈАЛ ЏЕКПОТ – раскажува Б.С.

Веднаш по добивката, таа му се јавила на сопругот за да ја сподели веста.

– Седнавме на кафе и му ја соопштив среќната вест. Во првиот момент не ми поверува, но откако детално му објаснив, сфати дека е вистина. Потоа заедно ја споделивме радоста и со семејството. Ова е вистинско новогодишно изненадување за сите нас – вели среќната добитничка.

Плановите за освоените 10.641.052 денари, како што открива, веќе се јасно дефинирани.

– Има доволно за сè. Прво ќе го затвориме кредитот што го подигнавме за уредување на куќата, а потоа ќе си ги исполниме и останатите желби. 2026 година ќе започне прекрасно – додава таа.

Од Видеолотарија Касинос Австрија информираат дека новата дополнителна џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ, со вредност од 8 до 12 милиони денари, е активирана од 1 декември 2025 година, како резултат на интересот и задоволството на верните играчи.

Првиот РОЈАЛ ЏЕКПОТ беше освоен во Струмица на 8 декември 2025 година, а покрај него, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот. Од компанијата ги повикуваат играчите да ја посетат најблиската ВЛТ локација, да уживаат во празничната атмосфера и да играат одговорно.

Поврзани содржини