ИЗБОРОТ НА ФРЧКОСКИ, ДОКАЗ ДЕКА ЛУЃЕ НА ЗАЕВ СЕ ВО НОВИОТ СДСМ Од каде му е дрогата со која бил сликан на работа?

Лидерот на СДСМ Венко Филипче немаше коментар за фотографиите на Јон Фрчкоски на кои се гледа како користи психотропни супстации, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДСМ, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

1,289

Изборот на Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски, во Извршниот одбор на СДСМ, е доказ дека „новото“ раководство на СДСМ се сведува на група блиски до екс-лидерот Зоран Заев, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека за Јон Фрчкоски, пред неколку месеци излегоа фотографии во јавноста каде јасно се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.






„Филипче немаше коментар за ова, не се огради, па дури и кога Фрчкоски се обиде да даде оставка од директор на Центарот за аналитика на СДСМ, Филипче не ја изнесе пред Централниот одбор на партијата, па како што изјави и самиот Фрчкоски минатата недела: ‘Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“.

Но, Фрчкоски никогаш не одговори на прашањата поврзани со ова, како на пример, каде ја користел дрогата, од каде му е истата?, прашува ВМРО-ДПМНЕ и обвинува дека СДСМ се целосно отсечени од она што е јавна перцепција за партијата.

„Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев“.

Поврзани содржини