🎥130.000 ДОМАЌИНСТВА ВО САН ФРАНЦИСКО ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА Пожар во потстаница предизвика проблеми

Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.

102

Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето постепено се стабилизира и сега 20.000 потрошувачи се без струја.

Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.






Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.

Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.

Поврзани содржини