ТРЕЗОРОТ ФУНКЦИОНИРА, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ СЕ ИСПЛАТАТ ОБВРСКИТЕ Буџетот ќе се затвори на планираното ниво

Трезорот функционира нормално и врши редовни исплати. Се исплаќаат плати, социјални надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и сите тековни трошоци, рече заменик-министерот за финансии во гостување на ТВ 21.

777

Министерството за финансии преку Трезорот работи редовно и ќе продолжи така до 31 декември 2025 година, како и сите други државни институции. Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, изјави дека сите обврски на државата ќе бидат реализирани до крајот на годината, а буџетот ќе се затвори во рамките на планираниот дефицит.

– Трезорот функционира нормално и врши редовни исплати. Се исплаќаат плати, социјални надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и сите тековни трошоци – рече Јанкуловски во гостување на ТВ 21.






Тој истакна дека сите обврски кои се евидентирани и прифатени за плаќање ќе бидат реализирани заклучно со 31 декември.

„Целта на известувањето до буџетските корисници за доставување налози до 15 декември беше чисто организациска“, појасни заменик-министерот, додавајќи дека тоа им овозможува на службите на Трезорот навремено да ги испланираат сите расходи и да обезбедат фискална дисциплина.

Тој ги отфрли шпекулациите за наводно затворање на Трезорот и недостиг на средства, оценувајќи ги како дезинформации пласирани од опозицијата.

Јанкуловски најави дека до крајот на месецот се очекуваат дополнителни приливи по основ на данок на добивка, ДДВ и социјални придонеси.

– Во овој период голем дел од компаниите исплаќаат бонуси и регреси, па очекуваме дека приходната страна на буџетот ќе биде целосно реализирана – нагласи заменик-министерот.

 

Поврзани содржини