🎥 ПРАШАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА КОИ ПОДАРОЦИ ГИ ДОБИЛЕ МИНАТИОТ БОЖИЌ! Погледнете го видеото пред да ги фрлите парите за нови глупости
Ја замолила ќерка си да именува три подароци што ги добила минатиот Божиќ. Одговорот на тинејџерката стана вирален, а еве која е поентата на ова видео
Мајка од Калифорнија предизвика реакции со видео во кое откри што навистина им е важно на децата за време на празниците. Нејзиниот едноставен експеримент со нејзината 13-годишна ќерка стана вирален, а пораката е јасна: Децата не ги памтат скапите подароци, туку заедничките моменти.
Андреа Дамс објави видео на Инстаграм во кое ја замолува ќерка си Бринли, да именува три подароци што ги добила минатиот Божиќ.
Тинејџерката застана на момент, а потоа праша: „Хм… од тебе?“ Кога нејзината мајка потврди дека мислела на било каков подарок, Бринли едноставно призна: „Не се сеќавам.“
Андреа потоа постави друго прашање: „Каде бевме на семеен одмор оваа година?“ Одговорот дојде без размислување: „Езерото Тахо.“
– Пред да додадете уште еден предмет во вашата кошничка на Амазон, прашајте го вашето дете за ова – напиша во описот на видеото.
View this post on Instagram
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.