АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за мигрантите тој им прави лоша услуга на граѓаните
Во интервју за телевизија Сител, амбасадорката на САД оцени дека Владата е посветена на борбата против корупцијата.
„Она што мислам дека не е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како што е миграцијата, само за да добиете политички поени. Мислам дека тоа не е продуктивно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните, едно важно прашање да се сведе само на политичка тема“.
Ова го изјави вечерва американската амбасадорка Ангела Агелер, во интервју за телевизија Сител, коментирајќи ја дебатата за мигрантите што ја отвори лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Потсетувајќи дека темата за мигрантите е актуелна и во нејзината земја, Агелер рече дека САД водат разговори за ова прашање со многу држави.
– Тоа е нормално. Значи, постоењето разговор не значи дека има политика. Ова е тема со која се борат граѓаните и затоа, секако, разговарате со пријателите, со сојузниците и со партнерите, како заедно да се справуваме со ова.
На прашањето на водителката Славица Арсовска за меѓусебните обвинувања меѓу партиите за корупција, за разочараноста на луѓето
од политиката и од инситутции, како и за оставката на јавниот обвинител, амбасадорката одговори:
– Тоа е интересен развој. Една работа што ја сметам за нездрава, a се случува во многу земји и во САД, е тоа партии да се расправаат само за да не се согласуваат, што е некорисно. Ништо не се постигнува со тоа, туку треба да излезете пред јавноста и навистина да имате план. Тоа да велите “јас ќе противречам на сè што ќе кажете затоа што сме ос различни партии” не помага на никого. Што сакате да постигнете? Навистина ме погодува ова, особено кај младите, кои често велат дека не им се важни темите за кои зборуваат некои политичари. Младите велат: „Јас се грижам за економија, важно ми е какви можности за работа има. Вие се расправате за работи што не влијаат на мојот живот. Зборувајте за работи што влијаат на моето здравство, на мојата безбедност, на моите економски можности тука, за работните места за моите деца, за сите тие можности и што правите за да донесете тука надеж за ова држава, за народот, за просперитет и за безбедност“.
Амбасадирката Агелер оцени дека Владата е посветена во борбата против корупцијата.
– Гледам луѓе во Владата и во судството кои се навистина посветени на тоа. Ги поздравувам и им благодарам, затоа што искрено се како гласови во пустина. Се надевам дека повеќе луѓе ќе им се придружат, зашто некои работи треба правилно да се направат.
На прашањето дали смета дека борбата против корупцијата напредува или стагнира, Агелер одговори:
– Јас сум Американка и сум оптимист. Верувам искрено и забележувам во последните неколку месеци – дел од тоа е и Кочани – дека има ниво на свесност и ниво на препознавање какво што порано немаше. Тоа е придружено со одреден замор. Кога патувам низ земјата зборувам со студенти, родители, градоначалници и со обичнк луѓе и понекогаш слушате вистинско помирување дека ништо не се менува. Но, интересно, дел од тоа беа и локалните избори, а видовме млади лидери кои рекоа „ќе го направиме ова поинаку“. Луѓето сега зборуваат на начин што покажува дека не само се свесни, туку и следат поблиску од порано. И мислам дека бараат одговорност од своите избрани претставници. Одговорноста е неверојатно моќна работа.