МАКЕДОНСКИОТ ТАЕКВОНДИСТ ДИМИТРИЕВИЌ ВТОР НА СВЕТСКИ КУП ВО СОЛУН Миа Танеска стаса до четвртфиналето

Настап треба да има и Даниел Стојаноски во категорија кадети до 40 кг.

135

Владимир Димитриевиќ го донесе првиот медал во сениори во историјата на Македонската традиционална таеквондо федерација од Светски куп.

Димитриевиќ на „КИНГ ОФ ТАЕКВОН-ДО“ во Солун до бронзата дојде во спаринг категорија сениори до 78 кг. Македонецот во елиминациската фаза совлада домашен натпреварувач, во четвртфиналето забележа победа над претставникот од Естонија, во полуфиналниот меч беше поразен од натпреварувачот од Украина, со што не успеа да се пласира во финалето и во борбата за златен медал.






На турнирот учествуваа повеќе од 1.400 натпреварувачи од 21 држава од целиот свет.

Од другите македонски натпреварувачи, Миа Танеска настапи во категорија јуниори – црвен појас, форми и стигна до четвртфиналето, додека настап треба да има и Даниел Стојаноски во категорија кадети до 40 кг.

Поврзани содржини