41-ГОДИШНАТА ВОН ИСПИША ИСТОРИЈА ВО СВЕТСКИОТ КУП Американката стана највозрасна победничка во алпското скијање

Американската шампионка со 83 победа постави нов рекорд за највозрасна победничка во алпското скијање

405

Американската легенда на алпското скијање, 41-годишната Линдзи Вон, испиша историја во Светскиот куп со триумфот на спустот во Сент Мориц, станувајќи највозрасната победничка во натпреварувањето. Со оваа победа, Вон го урна рекордот што претходно ѝ припаѓаше на Италијанката Федерика Брињоне и го надмина подвигот на швајцарскиот великан Дидие Куше.

Вон освои прво место со време од 1:29.63 минути – резултат што ја донесе до нејзината 83. победа во кариерата и вкупно 44. во дисциплината спуст. Ова е нејзин прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години.






Италијанката Брињоне, која годинава победи во супервелеслаломот во Ла Туил на 34-годишна возраст, досега беше носителка на рекордот. Пред неа, швајцарскиот ас Дидие Куше го држеше машкиот рекорд со победата во Кран Монтана во 2012 година на 37-годишна возраст.

Со денешниот успех, Вон уште еднаш докажа дека е една од најдобрите што некогаш ги имало алпското скијање – и дека возраста понекогаш е само бројка.

Поврзани содржини