ЛОНДОН БИ ИЗДРЖАЛ САМО 2 НЕДЕЛИ И ПОТОА КРАЈ? Би-Би-Си пресметува што би се случило во војна со Москва

Медицинските капацитети се ограничени, а системите за дополнување на резерви се спори, предупреди аналитичарот Хамиш Мандел, додавајќи дека целата стратегија се базира на „претпоставка дека нема да има голем број жртви“.

501

Само неколку недели би траела војната меѓу Британија и Русија – предупредуваат западни воени експерти во анализа на Би-Би-Си. Според нив, Обединетото Кралство нема капацитет за долг судир со Москва: резервите се тенки, војската е преполовена, а индустријата не е подготвена за масовно производство на оружје.

Додека Русија веќе петта година ја одржува својата „воена машина“ во Украина, Лондон уште се бори со последиците од кратењата и политичките дилеми околу тоа што значи да бидеш подготвен за вистинска војна.






Путин ја „загрева“ реториката

Рускиот претседател Владимир Путин на 2 декември порача дека Русија „не планира војна со Европа, но е подготвена ако таа ја започне“. Изјавата ја разниша и онака тенката линија на доверба меѓу Москва и западните сојузници.

„Можеби ќе трае само две недели“

На конференција во Лондон во организација на тинк-тенкот „Royal United Services Institute“, аналитичарот Хамиш Мандел предупреди дека Британија нема реален план за долготраен вооружен конфликт.

– Медицинските капацитети се ограничени, а системите за дополнување на резерви се спори – изјавил тој, додавајќи дека целата стратегија се базира на „претпоставка дека нема да има голем број жртви“.

Руската маса спроти британската прецизност

Иако руската армија е опишана како слабо опремена и често дезорганизирана, нејзината бројност и индустрискиот капацитет се одлучувачки фактор. Британското Министерство за одбрана проценува дека Русија досега има повеќе од 1,1 милион жртви во Украина, но продолжува да ги пополнува редовите со нови војници.

Британската војска „на диета“ од средства

Во 1990 година, Британија трошела 4,1% од БДП за одбрана. Денес таа бројка едвај достигнува 2,5%. Армијата брои 74.000 војници, но само 54.000 се оперативно подготвени – бројка што е помала од загубите кои Русија ги претрпува за два месеца.

Сувалки и Балтикот како буре барут

Според НАТО-офицери, најризично подрачје е коридорот Сувалки – тесен појас меѓу Полска и Литванија кој го раздвојува Калининград од Белорусија. Освојувањето на тој регион би ѝ овозможило на Русија директен пристап до Балтичкото Море.

Фото: NATO Kosovo Force – KFOR/Facebook

Не е само теорија?

Британија веќе почувствува руски траги на своја почва – убиството на поранешниот агент Александар Литвиненко со полониум во 2006 година и нападот со новичок врз Сергеј Скрипал во 2018 година се само дел од тие инциденти.

НАТО како штит или како ризик?

Аналитичарите предупредуваат дека директна војна меѓу Британија и Русија е малку веројатна, но клучна е улогата на НАТО. Сепак, неизвесност внесува враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и неговиот непредвидлив став кон сојузниците.

„Слободата не доаѓа бесплатно“

Експертот за Русија Кеир Џајлс од Chatham House вели дека британската јавност мора да сфати дека слободата и просперитетот не се загарантирани.

– Животот ќе мора да се промени. Проблемот почнува во Москва – порача Џајлс.

Поврзани содржини