СТОТИЦИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ, ПРЕТРЕСИ И ОБИДИ ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ Мерц не трпи критики па жестоко им возвраќа на критичарите
Лидерот на ЦСУ стана централен во контроверзии заради кривични пријави против критичари, што довело до претреси на домови и обвинувања за заплашување на јавниот дискурс.
За време на својот мандат како претседател на Христијанско-демократската унија (CDU), либерално-конзервативна политичка партија од десниот центар, Фридрих Мерц поднесе бројни кривични пријави за навреди и непријателски изјави, објави неделникот „Шпигел“. Во некои случаи, како што се наведува, беа извршени претреси на домовите на обвинетите.
Од 2021 година, Мерц поднел или поддржал стотици кривични пријави за наводни навреди, пишува неделникот „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на документи од истраги, кривични пријави и писма од адвокати. Според медиумот, Мерц се смета за еден од најактивните политичари во овој контекст, систематски дејствувајќи против критичарите на социјалните мрежи.
Во најмалку два случаи, кривичните пријави довеле до претреси на домови, вклучително и оној на тешко инвалидизиран, неподвижен пензионер кој наводно го нарекол Мерц „мал нацист“.
Портпаролот на Мерц потврди дека тој покренал кривична постапка како пратеник за „одредени навреди“ и нагласи дека средствата од евентуалните надоместоци биле „целосно донирани за социјални цели“.
Еколошкиот активист Тадзио Милер го нарекол Мерц „расист“, по што Мерц поднел кривична пријава против него. Активистот подоцна истакна дека тоа е обид за заплашување:
– Не станува збор за навреди или клевети. Станува збор за отстранување на луѓе како мене од јавниот дискурс – рече Милер.