РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОЦЕВСКИ ЌЕ ПОЧНЕ НАСКОРО Процедурата ќе трае до два месеца
процедура што ќе трае најмалку месец ипол до два
Процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски ќе започне многу скоро, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.
– Разрешувањето на Коцевски ќе започне многу наскоро. Тоа е процедура што ќе трае најмалку месец ипол до два – рече Мицкоски.
Висок владин функционер пред неколку дена најави дека Владата планира до крајот на месецов да ја активира постапката во Собранието за разрешување на Коцевски.
Според обвинителот, најавите за негово разрешување се политички мотивирани.