ТРАЕШЕ 5 ЧАСА, СО ВИТКОФ ОДЕВМЕ ТОЧКА ПО ТОЧКА Путин ја нарече корисна средбата со американската делегација
Нарекувајќи ја корисна средбата со пратеникот на американскиот претседател во Москва, Путин, кој е во посета на Индија, вели дека консензусот е тешка задача и дека Русија одбила дел од предлозите во американскиот нацрт за мир во Украина. Тој испрати и порака до Украина и откри зошто Г7 нема да стане Г8.
Причината зошто состанокот во Москва траел цели 5 часа е што морале да бидат разгледани речиси сите точка од планот со 27 точки на САД, изјави за „Индија Тудеј“ рускиот претседател Владимир Путин.
Нарекувајќи ја корисна средбата со пратеникот на американскиот претседател во Москва, Путин, кој е во посета на Индија, вели дека консензусот е тешка задача и дека Русија одбила дел од предлозите.
Тој испрати силна порака до Украина во врска со териториите во Донабс, велејќи дека жителите на републиките во Доњецк и во Луганск не сакат да живеат со Украина и дека тоа веќе го изразиле на референдум.
– Или ќе ги ослободиме овие територии со сила на оружје, или украинските сили ќе ги напуштат овие територии.
Путин исто така откри дека не планира да ја врати Русија во земјите Г7, со тоа што групата би се вратил на старото име Г8. Русија беше исклучена од Г8 по окупацијата на Крим во 2014 година.
– Уделот на Г7 во глобалната економија се намалува со години – изјави Путин во интервју за радиодифузерот „Индија тудеј“.
Г7 ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, а Европската Унија исто така се приклучи на дискусиите.
Околу 5.000 квадратни километри од Донецк сè уште се под украинска контрола. Во разговорите со Соединетите Американски Држави за нацрт-верзија на можен мировен договор за завршување на војната, Русија постојано изјавуваше дека сака контрола врз целиот Донбас и дека САД неофицијално треба да ја признаат контролата на Москва.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио најгорливите преговори се водат за околу 30 до 50 километри територија во Доњецк. Според Кремљ, пак, најгорливото прашање е членството на Украина во НАТО.