🎥 СВЕТКААТ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ВО ГАЗИ БАБА Безбедноста е најважна, порача градоначалникот Стефковски

Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека новата сигнализација е поставена во населбите Автокоманда, Железара и Триангла, а постапката ќе продолжи и во другите населени места.

2,804

Општина Гази Баба постави светлосна сигнализација на коловозите, на самите пешачки премини, кои им сигнализираат на возачите за поголема внимателност.

Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека новата сигнализација е поставена во населбите Автокоманда, Железара и Триангла, а постапката ќе продолжи и во другите населени места.






„Почнавме со поставување светлосна сигнализација на пешачките премини. Овој чекор не е само техничка обнова, туку јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и одговорност. Оваа иницијатива е дел од нашата визија за модерна, уредена и безбедна општина – место каде секој ќе може да се движи слободно, сигурно и без страв. Безбедноста е наш приоритет.
Заедно создаваме посветла и побезбедна иднина за сите жители на Гази Баба“, објави Стефковски на Фејсбук.

Поврзани содржини