🎥 РИТА ОРА ВО ФУСТАН СО ДЕКОЛТЕ ПОД ПАПОК И ШЛИЦ ДО МЕЃУНОЖЈЕТО Пејачката се погрижи да се истакне меѓу другите славни ѕвезди
На доделувањето на годинешните Модни награди во Лондон, атрактивната британска пејачка која е родена во Приштина, пристигна во сребрен фустан со многу длабоко деколте кое ѝ ги истакна градите и ги покажа нејзините обликувани стомачни мускули.
Пејачката Рита Ора го украде целото внимание на овогодинешните Модни награди, кои се одржаа во Лондон. Атрактивната Косоварка се погрижи да се издвои меѓу другите познати личности со својата модна комбинација.
На доделувањето на наградите пристигна во сребрен фустан со многу длабоко деколте. Ги истакна градите и ги покажа своите извајани стомачни мускули.
Тесната креација имаше и голем шлиц на средината, па пејачката ги покажа своите затегнати нозе, кои дополнително ги нагласи со сини потпетици.
Ризичната, но елегантна комбинација ја комплетираше со залижана фризура и смела шминка.
Пејачката се појави на раскошниот настан откако изјави во подкастот „Happy Hour Overheard“ дека може да биде вештерка. Таа рече дека поседува „мистична моќ“ што постои во нејзиното семејство и се пренесува од генерација на генерација.
– Мојата баба дефинитивно беше вештерка, мајка ми, не сум сигурна дали го има генот, но јас дефинитивно го имам – рече таа.
Рита, исто така, рече дека нејзината свадба била „духовна“ и претходно изјави дека ги сака јогата и астрологијата. Таа, исто така, открила ритуал што ѝ помага да се чувствува фокусирано.
– Ги правам моите неделни читања, моите тарот карти… На крајот на краиштата, сè додека нешто ви дава надеж, тоа е сè што сакате – рече Ора.
Пејачката рече дека „100 проценти“ верува во астрологијата, псевдонаука што се обидува да ја предвиди иднината со проучување на небесните тела.
– Всушност мислам дека тоа би требало да биде религија. Ми се допаѓа идејата да се чувствувате како да ве водат духови по кој било пат – додаде таа.
View this post on Instagram