„СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ ДОБИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД И ПАРКИНГ Посетата на манастирот ќе биде побезбедна
Изградивме нов паркинг за сите патници намерници и туристи кои го посетуваат ова македонско светилиште – информира Коце Трајановски од ЈПДП.
Саниран е потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
„Работиме и создаваме услови за безбеден и непречен сообраќај и горд сум што можам да ја известам јавноста дека успешно ја реализиравме санацијата на потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир. Со ова не само што ја зголемивме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, туку создадовме и подобри услови за развој на туризмот и за локалната заедница.
Изградивме нов паркинг за сите патници намерници и туристи кои го посетуваат ова македонско светилиште – решение кое ќе го олесни пристапот и ќе го направи престојот поудобен.
Вкупната инвестиција изнесува 569.591 евра.
Со оваа реализација, Бигорскиот манастир станува уште попристапен и со побезбеден пристап за сите посетители“ – напиша Трајановски на својот профил на Фејсбук.