НОВ КОМУНИКАЦИСКИ ТРЕНД МЕЃУ МЛАДИТЕ По „6-7“, сè попопуларен e нов израз

Социјалните мрежи повторно се освоени од мемиња со броеви, а новиот тренд се шири меѓу тинејџерите побрзо од кога било

94

Мемињата со броеви неочекувано станаа еден од најизразените интернет трендови меѓу младите. Откако „6-7“ и „4-1“ доминираа на Тик-Ток и во тинејџерските разговори со месеци, брзо се шири вирално нов израз – „6-1“.

Иако навидум бесмислени, овие броеви станаа дел од секојдневниот сленг, поттикнати од комбинација на музика, спорт и интернет култура, пишува Oregon Live.






Трендот започна со „6-7“, кој беше донесен во центарот на вниманието кон крајот на 2024 година од раперот Скрил со песната „Doot Doot (6-7).“

Песната брзо стана популарна основа за кратки видеа, особено спортски видеа, а во многу од нив се појавува кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол – кој е висок 6 стапки и 7 инчи, или 201 см. Трендот доби дополнително признание кога средношколeцот Тејлен Кини воведе карактеристичен гест на раката што симболично прикажува балансирање или споредување на две опции.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини