САМО ЕДЕН ПОНУДУВАЧ ЗА СТРУЈА ЗА 2026 Цената на ЕСМ е за 5% повисока од лани, ЕВН со нови пресметки

Новата понуда од 65 евра за мегаватчас е повисока од претходната и може да влијае врз сметките на домаќинствата.

498

ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за целата 2026 година стигнала само една понуда, таа на државната компанија ЕСМ. Според информациите, понудената цена изнесува 65 евра за мегаватчас, што е за речиси 5% повисоко од цената добиена на последниот тендер за периодот јуни–декември 2025.

Од компанијата објаснуваат дека единствената понуда го покрива целиот планиран обем на потреби за домаќинствата.






– Добивме една понуда од ЕСМ за сто проценти од количините. Не е вообичаено да нема други понудувачи, но ова е реалноста на пазарот во моментов – велат од ЕВН Хоме.

Поконкретни пресметки за евентуалната промена на цената на струјата ќе бидат познати во наредниот период, кога компанијата ќе ја утврдува крајната цена според методологијата пропишана од Регулаторната комисија за енергетика.

– Секоја компонента што ја формира крајната цена мора да биде пресметана точно и транспарентно, од цената на ЕСМ, до трошоците на МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција – појаснуваат од компанијата.

Иако засега не се најавува конкретно поскапување, растот на набавната цена од ЕСМ отвора прашања дали сметките за струја од јануари 2026 ќе бидат повисоки. Од ЕВН Хоме нагласуваат дека конечната одлука ќе биде донесена под надзор на РКЕ.

Поврзани содржини