УКРАИНА ДОБИВА 8,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ММФ Земјата вети дека ќе се бори против корупцијата и сивата економија
Украинската премиерка соопшти дека програмата ќе помогне во финансирањето на критичните расходи, одржувањето на макрофинансиската стабилност на Украина и привлекувањето дополнителна надворешна поддршка.
Украина и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) постигнаа договор за нова програма за поддршка вредна 8,2 милијарди долари во текот на четири години, објави денес украинската премиерка Јулија Свириденко.
Таа напиша на Телеграм дека програмата ќе помогне во финансирањето на критичните расходи, одржувањето на макрофинансиската стабилност на Украина и привлекувањето дополнителна надворешна поддршка.
– Договорот треба да биде одобрен од Извршниот одбор на ММФ – изјави Свириденко, објави Укринформ.
Свириденко изјави дека украинската влада го подготвила буџетот за 2026 година во согласност со рамката на новата програма на ММФ.
Таа истакна дека Украина е подготвена да продолжи со борбата против сивата економија и против корупцијата.