ШЕФИЦАТА НА СУДСКИ СОВЕТ ПРЕКИНАЛА ПОСТАПКА ПРОТИВ СУДИЈА Наместо да одговара, Наќе Ѓорѓиев бил избран за член на Советот

Постапката која требала да се води против Ѓорѓиев, била чувана во фиока со години, а со помош на Весна Дамева зад очите на јавноста, постапката била сопрена – тврди Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

1

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци или партии, изјави денеска на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да разјасниме за јавноста, ваков е случајот на поранешната претседателка на Судскиот Совет, Весна Дамева која беше и дел од партиски комисии на СДСМ пред да стане дел од правосудството. Весна Дамева, која работеше единствено по насока на СДСМ, а во тоа време на менторот на Филипче, Зоран Заев, на затворена седница на Судскиот Совет, сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев кој требаше да стане член на Судскиот Совет. Постапката која требала да се води против Ѓорѓиев, била чувана во фиока со години, а со помош на Весна Дамева таа постапка зад очите на јавноста била сопрена со што тогаш се озвоможи Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судскиот совет – тврди Манасиевски.






Манасиевски јавно праша „колку свои луѓе имаат Дамева и Ѓорѓиев во судството за да продолжат да работат за нивен интерес, а во превод, штитење на кадри или блиски лица на СДСМ?

– Наместо квалитетни и компетентни кадри да си ја извршуваат работата на судии и обвинители, поради вакви случаи како Дамева и Ѓорѓиев, чесните кадри во правосудството не можат да дојдат до израз. Зошто граѓаните да одвојуваат се повеќе пари од своите џебови? За да можат вакви поединци да го уништуваат и узурпираат судскиот систем? Граѓаните не заслужуваат оние што треба да ја донесат правдата, да бидат активни чинители на неправдата. Тие треба да бидат адекватни луѓе, луѓе со кредибилитет – рече Манасиевски.

Поврзани содржини