ЈА ОТПУШТИЛЕ ОТИ Е БРЕМЕНА, ОД СТРЕС ГО ИЗГУБИЛА БЕБЕТО! Струшката болница дискриминирала магистерка по психологија

На нејзино место е примена друга кандидатка, а надлежната комисија констатирала дека вработената е жртва на директна дискриминација, објави Сдк.мк.

0

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистер по специјална едукација, е отпуштена од работното место веднаш штом соопштила дека е бремена. Од силен стрес поради тоа што останала без работа таа го изгубила бебето во 27-та гестациска недела, односно во седмиот месец од бременоста, објави Сдк.мк.

На нејзино место директорот на болницата по изборите примил нова, помлада девојка, заедно со уште 65 други разни нововработени, поради што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека врз неа е извршена директна дискриминација.






Оваа експертка пред да забремени работела со договор на определено време од 2001 година по 40 часа неделно, како да е вработена на неопределено време, но договорот не ѝ бил продолжен по 31.12.2024 година.

Кога го прашала директорот на болницата зошто не ѝ го продолжуваат договорот, директорот ѝ рекол: „Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си“.

Поврзани содржини