ЦИРКУЛАРЕН ПОНЕДЕЛНИК НАМЕСТО ЦРН ПЕТОК Можеме ли да ја промениме културата на прекумерна потрошувачка?
Со славење на еден ден свесна потрошувачка, движењето Циркуларен понеделник, се надева да инспирира промени и во текот на целата година. Кога илјадници луѓе ширум светот одлучуваат да поправат, повторно употребат или преиспитаат купување на ист ден, тоа испраќа силен сигнал: иднината на потрошувачката не мора да значи повеќе – може да значи подобро.
24 ноември е овогодинешниот Циркуларен понеделник (Circular Monday), кој во Европа и светот се слави деветта година по ред.
Иницијативата е започната во Шведска во 2017 година, кога Циркуларниот понеделник беше создаден како реакција на Црниот петок (Black Friday), нудејќи алтернатива на неконтролираната прекумерна потрошувачка на новопроизведени, често неодржливи производи.
Она што започна како мала иницијатива во 2017 година, денес е глобално движење кое им олеснува на потрошувачите повеќе од кога било да пристапат до циркуларни и поодржливи производи и услуги. Истовремено е база каде луѓето можат да најдат циркуларни решенија (производи и услуги) од целиот свет, како и кампања на социјални медиуми што ја подига свеста за циркуларната потрошувачка.
2025 е првата година кога бизниси, организации, инфлуенсери и други чинители од Западниот Балкан се приклучуваат кон движењето и светската кампања, а предводник на придружувањето на нашиот регион е Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан (Western Balkans Circular Economy Hub), охрабрувајќи ги лидерите во циркуларната економија да учествуваат и да го засилат своето влијание. Njuppa, Sugar on top, Magbago, како и Yes for Less и АРНО од Македонија, се само дел од бизнисите и организациите од нашиот регион кои се приклучија на светското движење.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.