НАПАДНАЛ ЛЕКАР И ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Жител на Челопек бил агресивен во Ургентниот центар
29-годишник од село Челопек физички нападнал лекар и полициски службеник во Ургентниот центар, откако службите се обиделе да го смирaт
29-годишниот М.М. од тетовското село Челопек заработи кривична пријава од СВР Тетово поради сомнение за напад врз службени лица и спречување на службено лице при вршење работи од безбедноста.
Инцидентот се случил на 14 октомври 2025 година во Ургентниот центар во Тетово, кога пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека тие извршувале своите службени дејствија. Случајот веднаш бил евидентиран, а против М.М. е поведена кривична постапка.
Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат службените лица и да соработуваат за да се избегнат вакви инциденти.