ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ НАЈАВИЈА БЛОКАДИ ОД 30 НОЕМВРИ Можни се блокади и на граници и на пристаништа

Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.

0

Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата најавија грчките земјоделци по денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на дејствување и била донесена одлука да започнат со поставување блокади, како на автопати, така и на други локации.






Активностите ќе бидат утврдени од локалните здруженија, а според грчките медиуми, не е исклучена можноста во планот на земјоделците да бидат вклучени и блокади на гранични премини и пристаништа.

Според истите информации, земјоделците ќе ги пренесат денешните одлуки во нивните општини и региони, по што ќе го одредат начинот на кој ќе учествуваат, додека пак целта на земјоделците од периферијата Тесалија е да постават заедничка блокада на автопатот Атина – Солун.

Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.

Поврзани содржини