БЕЗ МЛАДИ, ПАРТИЈАТА НЕМА ИДНИНА Мицкоски откри зошто младите се сржта на политиката

Без млади нема партија, достоинството и семејството се столбови на иднината, им порача Мицкоски на трибината.

71

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на трибината „Локални и глобални предизвици од младинско значење“ упати силни пораки до младите за нивната улога во партиите и иднината на државата. Настанот беше организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон.

– Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без суштина. Прашањето не е дали таа ќе исчезне, туку кога. Ние сме горди што имаме офанзивна младина и ја поддржуваме затоа што тие ќе бидат нашите наследници во иднината – рече Мицкоски, потенцирајќи дека младите се сржта на партиите и клучни за политичката стабилност.






Претседателот им упати порака да градат младина и да им даваат шанса на новите генерации.

– Развивајте ги и дајте им шанса на вашите наследници. Без млади, политичките партии ќе исчезнат – рече тој.

Мицкоски предупреди и за реалноста во денешниот дигитален свет.

– Не верувајте во чуда. Она што го гледате на Инстаграм и ТикТок не е реалност. Ако некој ви ветува чуда, тогаш ве лаже – вели претседателот.

Тој ја потенцираше и важноста на достоинството

– Зачувајте го вашето достоинство. Не бидете дволични. Ако го имате достоинството, го имате најважниот дел од вашиот карактер – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека семејството е најважниот столб во животот на младите.

– Децата и семејството ќе го обликуваат вашиот живот. Споделувајте, учете, бидејќи тоа ќе ве подготви и за иднината на вашата нација – порача Мицкоски.

На крајот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на важноста на работа, посветеност и визија за иднината.

– Ако една нација, особено мала како македонската, не работи напорно со фокус и јасен патоказ, ќе исчезне. Борете се и размислувајте за работите што ќе го обликуваат човештвото и иднината на вашата нација – рече Мицкоски.

Поврзани содржини