РАСТАТ КРЕДИТИТЕ И ДЕПОЗИТИТЕ ВО БАНКИТЕ Станбените кредити и натаму најбарани
Граѓаните и компаниите во банките чуваат 10,3 милијарди евра, а должат за кредити 8,7 милијарди евра.
Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8%, како и на вкупните кредити за 12,1%,соопшти Народна банка.
Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.
Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст од 10,2% односно од 16,1%.
Кај автомобилските кредити се бележи намалување на годишно ниво од 1,9%.
Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички од 6,8%, како и негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи кои на годишно ниво се намалени за 8,4% и за 9,5%.
Граѓаните и компаниите во банките чуваат 10,3 милијарди евра, а должат за кредити 8,7 милијарди евра.