ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ НАПРАВИЈА ШТЕТИ Поплавени домови, блокирани патишта, аларм од ЦУК!

Според првичните податоци, најсериозна е ситуацијата во Битолскиот и Преспанскиот регион, каде што неколку реки ја напуштиле својата корита, а водата влегла во куќи и стопански објекти.

317

Обилните врнежи што го зафатија регионот во последното деноноќие предизвикаа нагли покачувања на водостоите, излевања на реки и повеќе интервенции низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според првичните податоци, најсериозна е ситуацијата во Битолскиот и Преспанскиот регион, каде што неколку реки ги напуштиле своите корита, а водата влегла во куќи и стопански објекти.






Битолски регион

Реката Шемница се излеала кај селото Лера и поплавила една куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.

Преспански регион

Во селата Царев Двор и Дрмени има поплавени домови поради излевања на локалните реки. Постојат индиции дека Голема Река исто така може да ја напушти својата корита.

ПОПЛАВЕН ДЕЛ ОД ПАТОТ ОХРИД СВЕТИ-НАУМ, ИМА ДО 30 САНТИМЕТРИ ВОДА Поголеми одрони на патот Делчево-Македонска Каменица

Охридски регион

Водостоите се значително покачени, со повеќе излевања и ризик за поплави. Интервенции се изведуваат во Косел, Опеница и кај Скребатска Река. Забележан е и висок водостој на реката Сатеска, за што е издадена препорака за зголемено внимание.

Струмички регион

Нема пријавени штети, но има одрони на патниот правец Струмица–Валандово.

Скопски регион

Нивото на реките е покачено, но засега нема излевања.

Велешки регион

Евидентирани се одрони и паднато дрво на два патни правци. Вардар е со многу висок водостој и можно е излевање кај автобуската станица.

Кумановски регион

Нема излевања. Се чистат наноси кај селото Коинце.

Кратовски и Тетовски регион

Регистрирани се зголемени водостоји, но без пријавени штети. На патниот правец Страцин–Пробиштип е исчистен одрон.

Метеоролошка состојба

Според УХМР, денес се очекува променливо облачно време со локални поројни врнежи, грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температурите ќе се движат меѓу 13 и 19°C, а во Скопје до 17°C.

Најмногу дожд последните 24 часа е измерен во:

Претор – 66 l/m²

Крушево – 37 l/m²

Битола – 30 l/m²

Прилеп – 26 l/m²

Апел0 до граѓаните

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, порача граѓаните да избегнуваат движење покрај реки, мостови и поплавени подрачја и да ги следат насоките на службите.

– Секој што ќе забележи опасност веднаш да пријави на бројор 112 –  истакнува Али.

Поврзани содржини