ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО ЦЕЛТА И ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ ОД БУГАРИЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ Мицкоски во Тирана на отварање на клубот „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, и посочи дека таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

1,446

 

Во присуство на голем број Македонци од Албанија денеска во Тирана е отворена канцеларијата на македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, а на отварањето присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска.






Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, и посочи дека таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

– Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат. Во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел – посочи Мицкоски.

Мене ми е драго што на сите овде ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет, додаде Мицкоски.

– Како што можам да забележам, македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва. Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија –  порача Мицкоски на отворањето на клубот на македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“.

Поврзани содржини