ОБВИНИТЕЛСТВОТО АПСЕШЕ, А СУДСТВОТО СУДЕШЕ ПО ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ Пренџов го обвини СДСМ дека го користел судството за партиски цели

Во Собранието предлагавте законски решенија со кои стававте партиски кадри во Судскиот совет, а тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија, им се обрати пратеникот Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ на колегите од СДСМ на комисиската расправа за буџетот.

467

За време на владеењето на СДСМ со законски решенија беа поставувани партиски кадри во Судскиот совет, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на комисиската расправа во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година.

– Во Собранието предлагавте законски решенија со кои стававте партиски кадри во Судскиот совет, а тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија – рече Пренџов.






Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДСМ се на власт немаше реализирани капитални проекти, а криминалот и корупцијата се закануваа и го контролираа функционирањето на државата.

– СДСМ изминатиот период немаше добри проекти, вие исклучиво функциониравте и владеевте преку обвинителството и преку судството. Бидејќи обвинителството апсеше по наредба на Зоран Заев, а судството судеше исто така по наредба на Зоран Заев – подвлече Пренџов.

Пратеникот Пренџов заклучи дека граѓаните заслужуваат транспарентно, професионално и независно судство, кое не се користи за партиски цели.

Поврзани содржини