ЗАПРЕНА ДИВА ГРАДБА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ВИЗБЕГОВО Изграденото ќе биде урнато

Никој не смее да биде над законите - напиша градоначалникот на Општина Гази Баба Дарко Костовски на својот профил на Фејсбук.

813

Нелегално градилиште во индустриската зона Визбегово, Општина Бутел, денеска беше затворено од надлежен инспектор, градежните работи се запрени, а против инвеститорот ќе биде покрената пријава за нелегално градење и злоупотреба на државно земјиште, информира градоначалникот на Гази Баба Дарко Костовски на својот профил на Фејсбук.

Костовски најави дека дивоизградениот објект ќе биде урнат.






„Покрај постапката за отсранување на овој објект ќе следи и содветна пријава за дивоградба и узурпација на државно земјиште. Никој не смее да биде над законите“ – напиша градоначалникот Костовски.

Поврзани содржини