ОБНОВЕН КУЈНСКИОТ ИНВЕНТАР ВО ЗАТВОРОТ ВО СТРУМИЦА Чекори за достоинствен третман на осудените лица
КПУ Затвор Струмица континуирано презема активности за подобрување на стандардите и квалитетот на престој на осудените лица, објави Управата за извршување на санкции.
КПУ Затвор Струмица континуирано презема активности за подобрување на стандардите и квалитетот на престој на осудените лица, објави Управата за извршување на санкции.
„Во рамките на тековните унапредувања, посебен акцент е ставен на подобрувањето на условите и опремата поврзана со исхраната. Во изминатиот период е обновен и дополнет приборот за јадење и кујнскиот инвентар, со што се обезбедува повисоко ниво на хигиена и функционалност при послужувањето на оброците со цел процесот да биде побрз, поефикасен и во согласност со стандардите за достоинствен третман на осудените лица“, објави Управата на Фејсбук.