ОД 24.500 ДЕНАРИ ЦЕНАТА НА ОБУКATA ЗА ВОЗАЧИ СКОКНА НА 33.000 Авто–школите се правдаат со високи трошоци

Во цената како што е познато влегуваат 20 часови теоретската настава кои сега чинат 4.500 денари, практична настава од 36 мото часови кои сега чинат 28.500 денари.

973

Авто-школите ја зголемија цената на обуките за 35% односно 8.500 денари. Новата цена важи од 1 ноември, а одлука за за поскапувањето ја донело Здружението на авто-школи.

Според новите цени, обуката за возач од Б категорија од 24.500 денари е зголемена на 33.000 денари. Во цената како што е познато влегуваат 20 часови теоретската настава кои сега чинат 4.500 денари, практична настава од 36 мото часови кои сега чинат 28.500 денари.






Дополнително идните возачи треба да платат и 250 денари на час за 3 посети на полигон колку што се планирани со обуката, како и уште по 1.500 денари за користење на возилото на авто школата за полагање на прв и втор практичен дел  кое се плаќа пред полагањето. Дополнителен час за возење пак чини 1.000.

На овие трошоци се додава и лекарското уверение кое чини 1.200 денари.

Слични се цените и за обуките за возачи во останатите категории. За обука за  А категорија се наплаќа 24.000 денари, за БЕ категорија 15.000 денари, за Ц категорија  32.000 денари, ЦЕ -25.000 денари Д категорија 40.000 денари

Дополнителните часови се плаќаат зависно од категоријата до 2.000 денари и користењето на возило за возачки испит исто така има различна цена. На пример за користење возило за полагањ е возачки испит во  А и А плус категорија цената е 2.400 денари, за Ц категорија 2.000 денари и за ЦЕ категорија 2.500 денари.

Сопствениците на авто-школите кои ги контактиравме велат дека повеќе од 10 години не ја менувале цената, но зголемените трошоци ги принудиле на оваа постапка.

-Веќе неколку години ние обучуваме возачи за цена од 24.500 денари, но трошоците во овие години пораснаа како за гориво, така и за одржување на возилата за техничката опрема. За реализирање на новите стандарди во обуката донесени неодамна исто така имавме дополнителни трошоци – велат од авто-школата Мобилити плус која работи во состав на АМСМ.

Речиси исти изјави даваат и сопствениците на другите авто-школи.

-Трошоците се во прашање. На седница на Здружението донесовме едногласна одлука дека цените треба да ги зголемиме – вели сопственик на една автошкола.

Младите кои сакаат да се обучат за возачи велат дека поскапувањето е големо и ќе влијае на семејниот буџет.

-Многу ја поскапеле обуката, а има и дополнителни трошоци. Замислете млад човек кој уште не работи треба да ја плати оваа цена. Што значи тоа за семејниот буџет не треба многу да се зборува со оглед на тоа дека секојдневно нешто поскапува. Но, ако сакаме да работиме во фирми каде што се бара и возачка дозвола овој трошок може да го сметаме за неопходен – вели Анастасија која се подготвува за возач.

Поврзани содржини