ПРОГЛАСЕН НАЈДОБРИОТ КАШКАВАЛ ВО СВЕТОТ Победа меѓу 5.000 учесници од 45 земји

Натпреварот, кој се одржува од 1988 година, сега за прв пат се одржува во Швајцарија, истакнувајќи ја швајцарската традиција и вештините за производство на кашкавал.

731

Швајцарскиот кашкавал „Грујер“ е прогласен за најдобриот во светот на овогодинешниот Светски натпревар за сирење, што се одржа во Берн.

Престижниот меѓународен натпревар собра повеќе од 5.000 учесници од 45 земји, објавија швајцарските медиуми.






Наградуваниот „Грујер“, стар 18 месеци, е произведено во фабриката „Вордерфултиген“ во кантонот Берн, а производител е Пиус Хиц.

Жири од 250 експерти од пет континенти оцени повеќе од 100 сирења, а 14 кандидати беа претставени во финалната рунда.

„Ова исклучително признание ја наградува извонредноста на култен производ од швајцарското наследство, резултат на знаење пренесувано од генерација на генерација повеќе од девет века“, објави Интерпрофесионалното здружение „Грујер“.

Натпреварот, кој се одржува од 1988 година, сега за прв пат се одржува во Швајцарија, истакнувајќи ја швајцарската традиција и вештините за производство на кашкавал.

Следната година, наградите ќе бидат доделени во Кордоба, Шпанија.

Поврзани содржини