🎥 АПОКАЛИПТИЧНИ СНИМКИ ОД БУЕНОС АИРЕС Џиновски облак донесе бура од дожд и грмотевици

Џиновскиот облак донесе бура придружена со брзина на ветер од 70 километри на час. Следеа обилни врнежи од дожд, а небото беше запалено од бројни громови.

325

Силна бура ја погоди Јужна Америка, а апокалиптични снимки се појавија на социјалните мрежи.

Тие прикажуваат џиновски облак кој целосно го „проголтал“ аргентинскиот град Генерал Виљегас  со 20.000 жители, кој се наоѓа во централниот дел од земјата во областа Буенос Аирес.






Џиновскиот облак донесе бура придружена со брзина на ветер од 70 километри на час. Следеа обилни врнежи од дожд, а небото беше запалено од бројни громови.

Поради бурата, имаше прекин на електричната енергија. Бурата, исто така, собори палми и го остави поголемиот дел од градот без струја.


Бурата беше предизвикана од наплив на ладен воздух од горната атмосфера, кој, заедно со топлото време, придонесе за интензивни бури.

Поврзани содржини