ВЛАДАТА Е СТАБИЛНА, А НОСЕЧКИ СТОЛБ Е ВМРО-ДПМНЕ Според Мицкоски 11 јануари е добар датум за локалните избори во четирите општини
Премиерот Христојан Мицкоски потврди дека во владината коалиција има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција, но уште нема конечна одлука.
Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Времето за политика и за политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, нè чека многу работа – рече Мицкоски.
Тој потврди дека во владината коалиција има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција. Посочи дека се работи за тековни разговори.
– Не би можел ништо да споделам додека не биде. Ништо не е готово додека не е готово – рече Мицкоски.
Според премиерот, 11 јануари е датумот кој најмногу одговара за одржување на повторените локални избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и во Маврово Ростуше.