📽️ ФОКА СЕ СПАСИ ОД КИТОВИТЕ УБИЈЦИ „Далматинец“ скокна на бродот на позната фотографка
Неверојатниот миг го снимила фотографката Чарвет Друкер, а нејзините снимки за кратко време го обиколија светот, јави „Гардијан“.
Во морето кај Сиетл, фока со црни дамки го спасила животот откако скокнала на палибата на чамец додека бегала од јато китови убијци. Неверојатниот миг го снимила фотографката Чарвет Друкер, а нејзините снимки за кратко време го обиколија светот, јави „Гардијан“.
– Јадниче мое – се слуша гласот на Друкер на видеото.
Додека животното јаде, таа му вели:
– Добро си, само остани така, пријателе.
Но, орките не се предале лесно. Изгледало како да се обидуваат да создадат бранови за да ја вратаст фоката назад во морето. Оваа техника, позната како „создавање бранови“, научниците ја забележуваат уште од 1980-тите. Во еден миг фоката се лизнала, но повторно се искачила на платформата. По околу петнаесет минути безуспешни обиди, орките конечно отпливале.
– Обично сум во тимот на орките, секогаш. Но додека фоката беше на бродот, едноставно преминав во нејзиниот тим – изјавила Друкер за Associated Press.
Според Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), овие орки, познати како Бигсови, имаат стабилна популација, за разлика од оние кои зависат само од лосос.