ФИЛИПЧЕ ВО СДСМ ГЛЕДА САМО ЛИЧНА КОРИСТ Тој нема кредибилитет и никој не сака да се врати во СДСМ, порача Манасиевски
Познат доктор и поранешен градоначалник, кој важеше своевремено за близок соработник на Венко Филипче, одбил позиција во раководството на партијата, затоа Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче го доведе СДСМ до тотален распад поради неговата лојалност кон Зоран Заев, а од друга страна од СДСМ си одат или се дистанцираат поранешни партиски функционери и членови, рече денеска Ванетин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Филипче во СДСМ гледа само корист, а не партија со која треба да понуди програма, визија или стратегија за тоа како ја гледаат државата во иднина. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, а доказ за сето ова е тоа што негови поранешни блиски соработници не сакаат да се вратат во партијата, поради недостигот на лидерство и капацитет да се врати партијата на старите патеки – рече Манасиевски.
Во јавноста сè повеќе се потврдува и нашата информација која ја добивме од Бихаќка, а тоа е дека познат доктор, воедно и поранешен градоначалник, кој важеше своевремено за близок соработник на Филипче, одбил позиција во раководството, додава Манасиевски.
– Причина за одбивањето е што Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет. Во СДСМ се потребни итни реформи во раководството. Она што Филипче, Заев и Ковачевски му го направија на СДСМ, го доведе да биде трета партија во Македонија, а петта во Скопје – рече Манасиевски.