ЦОНЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА „ЕКСТРЕМНА СУРОВОСТ КОН ‘РБЕТНО ЖИВОТНО“ Покренато обвинение против македонскиот лекар што прегази куче во Софија

Цоневски се соочува со затворска казна од 1 до 5 години ако се докаже намера. На распитот тој негирал дека намерно го прегазил кучето.

478

Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој во Софија, Бугарија прегази куче кое било маалски миленк, е обвинет за „екстремна суровост кон ‘рбетно животно, што резултирало со сериозни повреди“, објавија бугарските медиуми.

Окружното обвинителство на Софија, по испрашувањето на сведоците и спроведувањето на видео-технички преглед информирало дека собраните докази покажуваат намера.






Откако ќе биде објавен ветеринарно-медицинскиот преглед, обвинението може да биде преквалификувано. Кучето било живо по прегазувањето, посочија од Обвинителството.

Цоневски се соочува со затворска казна од 1 до 5 години ако се докаже намера. На распитот тој негирал дека намерно го прегазил кучето.

Додека трае истрагата Цоневски е суспендиран од работно место на Воено-медицинската академија во Софија. Во меѓувреме тој се врати во родното Делчево.

Поврзани содржини